Emel Gözellik
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
АНКАРА
Вселенското летало „ОСИРИС-РЕкс“ на американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) слета на астероидот Бену за да земе примероци од него, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на НАСА, вселенското летало „ОСИРИС-РЕкс“ изврши успешно слетување од неколку секунди на астероидот Бену со дијаметар од 500 метри, со цел да собере честички од песок и прашина.
Се вели дека сѐ уште не се знае дали вселенското летало во тоа кратко време успеало да собере примероци од 60 грама од површината на астероидот, и дека во случај примерокот да не е доволен, тоа во јануари повторно ќе се обиде да слета на астероидот Бену.
Научникот Данте Лаурета од Универзитетот „Аризона“ истакна дека вселенското летало извршило сѐ што било очекувано од него.
Се очекува дека примероците собрани од вселенското летало на НАСА ќе откријат нови наоди во врска со формирањето на Сончевиот Систем.
Планирано е вселенското летало „ОСИРИС-РЕкс“ во септември 2023 година да се врати на Земјата.