Ali Cura
21 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
КИЕВ (АА) - Во Украина утринава започна вториот круг претседателски избори, а претседателот гласачите ќе го бираат помеѓу двајца кандидати, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласачките места утрово беа отворени во 8:00 часот, а се очекува на изборите да излезат 30.311.505 гласачи.
Околу 5 милиони луѓе, односно жители на Донбас, кој се наоѓа под контрола на сепаратистите на Крим, окупиран од Русија, нема да можат да излезат на изборите.
Во трката за позицијата шеф на државата по првиот круг останаа моменталниот претседател Петро Порошенко и комичарот Владимир Зеленски.
Централната изборна комисија на Украина соопшти дека изборите ќе бидат следени од 20 меѓународни организации и 2.700 набљудувачи од 21 земја.
Во првиот круг избори, одржани на 31 март, Владимир Зеленски освои 30,24 отсто од гласовите, а Петро Порошенко 15,95 отсто. Бидејќи ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, организиран е втор круг избори.