Sibel Uğurlu
21 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
ПАРИЗ (АА) - Десетици илјади демонстранти се собраа вчера на протестите кои низ Франција беа одржани 23. викенд по ред, јавува Anadolu Agency (AA)
Станува збор за протести кои ги организира неформалното движење „Жолти елеци“, а најмасовниот собир е одржан во Париз.
Незадоволни со политиката на францускиот претседател Емануел Макрон, речиси 30.000 демонстранти учествуваа на протестниот марш од плоштадот „Баталјонот од Пацификот“ до Плоштадот на Републиката.
На улиците беа ангажирани најмалку 60.000 полицајци.
И синоќа дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а полицијата користеше големо количество солзавец.
Полицијата соопшти дека во Париз се уапсени најмалку 227 демонстранти.
Протестите вчера беа одржани и на улиците на Бордо, Марсеј и Монтпелје.
Протестите на „Жолтите елеци“ во Франција започнаа во ноември минатата година поради поскапување на горивото, а брзо прераснаа во антивладини протести.
Најмалку 11 лица загинаа, а 2.000 се ранети во текот на нередите изминатите месеци. Приведени се 8.400 демонстранти, а најмалку 2.000 се задржани во притвор.