Kristina Maslareviç
26 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
БЕЛГРАД (АА) - За време на престојот во Москва, премиерот на Србија, Александар Вучиќ, се состана со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, со кој разговараше за значајните прашања и понатамошно унапредување на политичките и економски односи помеѓу Србија и Русија, јавува Anadolu Agency (АА).
Во соопштението на Службата за медиуми на премиерот на Србија, Вучиќ и Путин „заклучија дека искреното и вистинско пријателство на српскиот и рускиот народ во иднина може да биде потврдено со уште поконкретна и успешна соработка во сите сфери на општествениот живот”.
Вучиќ му се заблагодари на претседателот на Русија за политичката поддршка која Русија ја пружа во зачувување на територијалниот интегритет на Србија.
Александар Вучиќ е во приватна посета на Москва, која претходно не била најавена, а информацијата дека се наоѓа во оваа земја ја објави прес секретарот на Кремљ, Димитриј Пешков.