Ayhan Şimşek
10 Март 2023•Ажурирај: 11 Март 2023
ХАМБУРГ (АА) - Најмалку седум лица загинаа во оружен напад во црквата на Јеховините сведоци во Хамбург, северна Германија, јавува Анадолу.
Како што соопшти полицијата, пукањето се случило во областа Грос Борстел во Хамбург.
Според првичните информации, меѓу загинатите е и напаѓачот. Во нападот се ранети осум лица.
Мотивот за нападот сѐ уште не е утврден, а истрагата е во тек.