Ayhan Şimşek
01 Септември 2022•Ажурирај: 02 Септември 2022
БЕРЛИН (АА) - Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ утре ќе стапат во 24-часовен штрајк бидејќи не постигнале договор за платите со оваа компанија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синдикатот на пилотите Ферајнигунг кокпит денеска соопшти дека не постои напредок во текот на последните преговори со раководството.
„„Луфтханза“ треба да даде подобра понуда“, рече преговарачот Марсел Грелс, додавајќи дека ставовите на раководството и синдикатите во моментов се премногу оддалечени.
Според неговите зборови, Комисијата за колективно преговарање бара зголемување на платите и понатамошен раст во согласност со инфлацијата и меѓународно конкурентните структури на платите кај сите групи на професии.
Синдикатот соопшти дека штрајкот ќе започне в петок во 00:01 часот по локално време и ќе заврши во 23:59 часот. Штрајкот ќе влијае и на патничките и на товарните летови.