Burcu Yağcı
01 Септември 2022•Ажурирај: 01 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Просечниот животен век во Соединетите Американски Држави (САД) продолжува да се намалува поради појавата на Ковид-19, паѓајќи на најниското ниво забележано од 1996 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), официјалните бројки во САД откриваат дека просечниот животен век е намален од 79 години на 76,1 од 2019 година.
Се потсетува дека просечниот животен век во САД бил 76,1 година во 1996-тата.
Статистичките податоци посочуваат дека појавата на Ковид-19 помеѓу 2020 и 2021 година сочинува 50 отсто од падот на просечниот животен век.
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) истакна дека епидемијата на Ковид-19 е најважниот фактор за намалувањето на просечниот животен век.
Центарот, исто така, соопшти дека смртните случаи од срцеви заболувања, хронични заболувања на црниот дроб, цироза и самоубиства имаат значително влијание врз намалувањето на просечниот животен век.
Нагласено е дека намалувањето на просечниот животен век во САД е особено евидентно кај Индијанците и домородните народи од Алјаска. Се забележува дека просечниот животен век во оваа група е намален за 6,6 години од 2019 година.
Статистиката на Центарот, исто така, укажува на разликата во просечниот животен век меѓу мажите и жените. Просечниот животен век на мажите е намален за околу една година и изнесува 73,2 во 2021 година, а просечниот животен век на жените е намален за 10 месеци и изнесува 79,1.