Ayhan Şimşek
14 Август 2019•Ажурирај: 15 Август 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, денес упати повик за воздржаност и дијалог во однос на континуираните масовни демонстрации во Хонгконг, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на прес-конференција во Берлин, Меркел ја истакна важноста на Основниот закон од 1997 година, кој ги гарантира слободите и владеењето на правото во Хонгконг.
„Треба да се преземат сите начини за да се избегне насилство и да се изнајдат можностите за решение преку дијалог“, рече таа.
Во Хонгконг, автономен регион кој е под контрола на Кина од 1997 година, од почетокот на јуни владеат масовни протести поради потегот на локалните власти за Нацрт-законот за екстрадиција на осомничени лица во Кина, Макао и Тајван.
Протестите оттогаш се интензивираа со сè поголеми про-демократски барања на демонстрантите.
Кина кон крајот на јули предупреди дека може да распореди вооружени сили во регионот за да ги задуши антивладините протести.