Zehra Ulucak
15 Август 2019•Ажурирај: 15 Август 2019
АНКАРА (АА) - Бројот на загинатите во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови кои го зафатија јужниот, западниот и централниот дел на Индија, се искачи на 282 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Хиндустан тајмс“ (Hindustan Times), вкупно 282 лица смртно настрадале во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови кои ги зафатија индиските сојузни држави Керала, Карнатака, Махараштра, Гујарат и Мадја Прадеш.
Властите нагласија дека во Керала загинале 102 лица, а дека 29 лица се водат како исчезнати, додека во Карнатака животот го загубиле 61 лице.
Во поплавите, во Махараштра смртно настрадале 49 лица, додека во поројните дождови во Гујарат загинале 31, а во Mадја Прадеш, 39 лица.
Од друга страна, во Керала минатата недела се случија околу 90 свлечишта.