Abdulselam Durdak
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
ФРАНКФУРТ (АА) - Германската министерка за економија и енергетика, Бриџит Сиприс, изјави дека нацрт-законот за воведување на нови санкции кон Русија, Иран и Северна Кореја го прекршуваат меѓународното право и даде проценка за мерките кои треба да ги преземе Европската комисија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката Сиприс даде изјава за весникот на медиумската групација „Funke“, давајќи проценка на одлуката на американскиот Претставнички дом и Сенат за воведување и примена на нови санкции против Русија, Иран и Северна Кореја.
Сиприс, која остро го критикуваше новиот пакет законски мерки, рече: „Сметаме дека со ова се прекршуваат меѓународните права. Америка не може да ги казнува германските компании затоа што трговски соработуваат со други земји”.
Министерката Сиприс истакна дека е потребно Европската комисија да преземе превентивни мерки против тоа и додаде: „Се подразбира дека не сакаме економска војна. Но многу е важно Економската комисија да преземе превентивни мерки”.
Од друга страна, и германскиот министер за надворешни работи Сигмар Габриел изјави дека се неприфатливи какви било санкции од страна на САД врз европски компании надвор од нивните земји. „Политиката на санкции не е соодветна и погодна алатка за да се охрабри националниот интерес за извоз и да се промовира локалниот енергетски сектор”, изјави германскиот шеф на дипломатија.