Erbil Başay
06 Мај 2022•Ажурирај: 07 Мај 2022
БЕРЛИН (АА) - Германија ќе испрати 7 хаубици во Украина поради војната со Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Германската министерка за одбрана, Кристине Ламбрехт, во изјавата за време на нејзината посета на германските војници во градот Слиач, Словачка, рече дека Германија се согласила да испорача 7 хаубица од типот „ПзХ 2000“ на Украина.
Ламбрехт, нагласувајќи дека украинските војници ќе добијат обука, рече дека хаубиците не потекнуваат од залихите на Германската армија.
Во објавата на твитер-профилот на германското Министерство за одбрана се наведува дека бројот на хаубици што треба да ѝ се достават на Украина, со обезбедувањето 5 хаубици и од страна на Холандија, се зголемил на 12.
Хаубиците „Панцерхаубице 2000“ (PzH 2000) од германско производство се познати како едни од најмоќните артилериски системи.
Обуката на војниците ќе започне во Германија следната недела.