Erbil Başay
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската влада денеска ги усвои предлог измените на Законот за депортацијата на странци кој предвидува полесно спроведување на процедурите за депортација на мигранти, кои ќе извршат кривично дело, јавува Anadolu Agency (АА).
Министерот за правда Хајко Маас, во пишано соопштение истакна дека во Германија никој не смее да мисли дека е над законот, и дека сите мигранти не треба да се стават на исто рамниште со криминалците.
"Прекршителите мора да бидат одлучно гонети и казнети. Странци кои ги кршат законите, од сега ќе се соочат со побрз процес на депортација ", изјави Маас, додавајќи дека воведувањето на новите мерки се во корист на стотици илјади бегалци и странци кои живеат во Германија.
Причината за воведување на построги мерки на обработка на мигрантите, се инциденти кои се снимени за време на новогодишната ноќ во Келн, кога десетици странци нападнале жени на јавни места. Се очекува дека нацртот да влезе во собраниска процедура во текот на наредната недела.