Cüneyt Karadağ
27 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел по вторпат имала тремор, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларката Ангела Меркел почнала да се тресе за време на церемонијата на промовирањето на новата министерка за правда, Кристин Ламбрехт, организирана во палатата Белви. Меркел се обидела да го контролира неочекуваниот тремор на нејзиното телото, но не можела да го спречи.
По запирањето на треморот, одбила да прими чаша вода.
Вториот тремор на канцеларката Меркел предизвика германските медиуми да пишуваат на тема за нејзиното здравје.
За првпат минатата недела, Меркел имаше тремор за време на церемонијата за пречек на новоизбраниот претседател на Украина, Владимир Зеленски.
Целото лице ѝ било побелено, а Меркел ги стискала тупаниците и ги прекрстила рацете, во обид да не ја загуби контролата на телото и да падне.
Меркел, како причина за треморот го навела топлото време и дехидрирањето.
Канцеларката Меркел денеска ќе патува за Осака каде што ќе учествува на Самитот на Г20 кој се одржува во Јапонија.