Emre Gürkan Abay
27 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
МОСКВА (АА) - Заменик-директорот на Националниот координативен центар за компјутерски инциденти, Николај Мурашов, истакна дека поголемиот дел од кибернападите врз инфраструктурите кои имаат критично значење во Русија, се вршат од серверите за контрола во САД и ЕУ, и дека поголемиот дел од нападите врз руската инфраструктура се во насока на крадење информации во врска со производството на ракети и нуклеарки во одбранбената и енергетската индустрија, јавува Anadolu Agency (AA).
Мурашов на прес-конференција во Москва говореше за кибернападите врз Русија, во чии рамки нагласи дека е можно да се открие локацијата на ботнет серверите за команда и контрола кои се користат при кибернападите.
„Бидејќи операциите треба да ги локализираат со цел да имаат целосна контрола врз тоа“, рече тој.
Мурашов истакна дека една третина од ботнет серверите за команда и контрола во светот се наоѓаат во САД.
„Поголемиот дел од кибернападите врз инфраструктурите кои имаат критично значење во Русија, се вршат од серверите за контрола во САД и ЕУ“, додаде Мурашов.
Тој, исто така нагласи дека малициозните софтвери постојано се ажурираат.
„Но исто така брзо се развиваат и методите кои се користат против овие софтвери. Денес постои еден баланс меѓу оние кои вршат кибернапади и единиците за информативна безбедност. Но сложените напади кои ги нарекуваме Напредни одржливи закани (АТП), понекогаш можат да предизвикуваат многу сериозни опасности“, истакна тој.
Мурашов рече дека нападите врз Русија претежно се во насока на крадење информации.
„Поголемиот дел од нападите врз руската инфраструктура се во насока на крадење информации во врска со производството на ракети и нуклеарки во одбранбената и енергетската индустрија“, додаде Мурашов.
Според податоците на американската технолошка компанија ИБМ, 36 отсто од ботнет серверите за команда и контрола во светот се контролираат од страна на САД, 14 отсто од страна на Кина, 5,1 отсто од страна на Франција, 4,9 отсто од страна на Германија и 4,9 отсто од страна на Русија.