Ayhan Şimşek
28 Мај 2026•Ажурирано: 28 Мај 2026
Германски суд казни маж поради навреда на канцеларот Фридрих Мерц на социјалните мрежи, со образложение дека неговиот коментар не е заштитена политичка критика, туку преминува во клевета, јавува Анадолу.
Судот во Хајлброн утврди дека тоа што Мерц бил наречен „Лакафе“ (Lackaffe) - германска навреда што буквално значи „лакиран мајмун“, а приближно е еднакво некој да се нарече „накитено конте “ - не претставува легитимно политичко изразување.
Судот изрече парична казна, иако властите одбија да го откријат износот, повикувајќи се на правилата за приватност што спречуваат донесување заклучоци за приходите на обвинетиот.
Според германската новинска агенција Дпа, казнениот налог сè уште не е правосилен. Мажот поднел приговор.
Во посебен случај обвинителите во Хајлброн ја прекинаа истрагата против маж во пензија што го споредил Мерц со Пинокио во коментар на Фејсбук, користејќи емотикон со долг нос за да го обвини канцеларот за неисполнување на ветувањата.
Обвинителите утврдија дека коментарот претставува дозволена критика на оние што се на власт и дека е заштитен со слободата на изразување, изјави портпаролот на јавното обвинителство во Хајлброн.