Yunus Kaymaz
03 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
МАДРИД (АА) - Кошаркарскиот клуб Барселона објави дека две лица од нивниот тим се позитивни на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението се наведува дека тестирањето покажало дека главниот тренер Шарунас Јасикевичиус и тренерот Дариус Масколиунас се позитивни на коронавирусот.
Се додава дека двајцата тренери се добро и дека се наоѓаат во карантин.