Ekipa
03 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
САНА (АА) - Владините сили, во судирите во Јемен, во септември убиле над 1.000 бунтовници Хуси, соопшти денес јеменската Војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Армијата, преземено од веб-страницата „September26.net“, се вели дека меѓу убиените бунтовници минатиот месец 215 биле команданти.
Во главниот град Сана, кој е под контрола на Хусите, забележани се најголем број жртви кај бунтовниците, 285 убиени Хуси, меѓу кои 119 команданти.
Шиитската бунтовничка група сè уште не се има огласено во врска со тврдењата за бројот на жртви од нивните редови.
Јемен е средиште на судири од 2014 година, кога Хусите, поддржани од Иран, зазедоа поголем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана.
Конфликтот ескалираше следната година кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници започнаа голема воздушна кампања за враќање на освоените подрачја од Хусите, поддржувајќи ја просаудиската Влада на земјата.