Sarp Özer
03 Октомври 2020•Ажурирај: 04 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Додека Турција ги презема сите потребни чекори со цел проблемот во Источен Медитеран и во Егејското Море да биде решен по пат на дијалог, Грција издаде два нови НАВТЕКС (NAVTEX (навигациски)) сигнали кои покриваат широка област, вклучувајќи тука и област што е одговорност на Турција, со што ги зголеми тензиите меѓу двете земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Грција во подрачјето на Источниот Медитеран издаде два НАВТЕКС-сигнали за област што е одговорност на Турција.
Во период кога се преземаат чекори за решавање на проблемите во Источен Медитеран по пат на дијалог, по оваа провокација од страна на Грција, Турција издаде нови НАВТЕКС-сигнали за области што се под нејзина надлежност.
Во соопштението што го издаде станицата на НАВТЕКС во Анталија се вели дека неовластена станица објавила известување за област што е дел од турските ингеренции на услугите НАВТЕКС и дека споменатото известување повторно е објавено од страна на овластената станица на НАВТЕКС во Анталија.
Во соопштението се наведува дека на 6 и 8 октомври ќе се одржи обука за стрелање во наведените области во Источен Медитеран.
Безбедносни извори наведуваат дека наведените извештаи што ги објави Грција за спроведување обука за стрелање, што на широкото подрачје во Источен Медитеран беа издадени од неовластена станица, нема да придонесат за решавање на проблемите на НАВТЕКС, туку ќе ги зголемат тензиите во регионот.
Истите извори истакнуваат дека Турција сака проблемите во Егејското Море и во Источен Медитаран да бидат решени според меѓународното право, по пат на дијалог и добрососедски односи, и во таа насока Турција презема голем број чекори, со цел да придонесе во изнаоѓањето на решение за проблемот, додека други гледаат да го пролонгираат сето тоа.
Овие извори истакнуваат дека наспроти сите овие чекори на добра волја преземени од страна на Турција, Грција вложува напори да ја преврти преговарачката маса.