Ikrame Imane Kouachi
18 Мај 2024•Ажурирај: 19 Мај 2024
ГАЗА (АА) - Неколкумина Палестинци се убиени и ранети во денешните израелски напади на Појасот Газа, известува Анадолу,
Очевидци во бегалскиот камп во Џабалија, сместен во северниот дел на Појасот Газа, за Анадолу изјавија дека цивили и медицински тимови префрлиле одреден број убиени и ранети Палестинците во болницата „Камал Адван“ во Беит Лахија и во болницата Ал Авда во Џабалија по израелското бомбардирање кое било насочено врз група граѓани во близина на училиште во кое биле сместени раселени лица.
Во изјавата тие наведоа дека продолжувањето на израелските воздушни напади на кампот и неговата близина претставуваат предизвик за медицинските тимови при транспортот на убиените и ранетите.
Во меѓувреме, официјални претставници на болницата Ал-Авда информираа дека 20 лица се примени со повреди по израелски напад врз Палестинци во кампот Џабалија.
Во јужниот дел на Појасот Газа, медицински извори за Анадолу соопштија дека најмалку шест лица загинале, а петмина ранети се примени во кувајтската болница во градот Рафа по бомбардирањето од страна на израелските авиони.
Очевидците за Анадолу изјавија дека израелската војска бомбардирала населени места во градот Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, убивајќи поголем број Палестинци, а имало и ранети.
Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Во израелските напади на Појасот Газа се убиени над 35.386 Палестинци, воглавно деца и жени, а 79.366 се повреди во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни средства за живот.
Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.