Recep Şakar
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
МЕЛБУРН (АА) - На најголемиот саем за храна „Fine Food“ (Добра храна), кој се одржува во австралискиот град Сиднеј, голем интерес кај посетителите побуди пробиотикот „благ овошен ајран“, производ на локален бизнисмен од турско потекло, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Саемскиот и конгресен центар во Сиднеј, во тек е саемот за храна „Fine Food“ (11 до 14 септември), на кој учествува и австралискиот бизнисмен од турско потекло Ибрахим Оздемир, кој на посетителите им го претстави новиот производ, пробиотик, благ овошен ајран, кој предизвика голем интерес кај нив.
Бизнисменот Оздемир, кој се занимава со производство на млеко млечни производи, за АА изјави дека вообичаениот вкус на ајранот во Австралија бил оценет како киселкаст и не бил консумиран доволно. Затоа се решил на овој чекор на производство на различни видови овошен ајран, во вид на пробиотик.
Тој истакна дека Австралијците претпочитаат ароматизирани пијалаци, а тој започнал со производство на благ ајран со арома на лубеница, чоколадо-банана и чоколадо-кафе, кои предизвикале голем интерес. „Австралијците го сакаат ајранот, но секогаш коментираа 'ќе беше подобро да имаше благ вкус'. Според тоа барање, произведов ароматизиран ајран со различен вкус, на чоколадо, лубеница, чоколадо-банана и чоколадо-кафе, кои разбудија голем интерес, рече Оздемир.
Оздемир изјави дека благиот ајран, кој е застапен на полиците во големите австралиски маркети, предизвика голем интерес и на саемскиот штанд. „Реакциите кои доаѓаат од пазарот во моментов се извонредни, поголемиот дел од луѓето не вкусиле ваков производ, не знаат што е пијалак од кисело млеко и ајранот им дојде како многу интересен пијалак. Навистина, реакциите од посетителите се многу подобри од она што го очекувавме“, изјави Оздемир.
- Зголемен е интересот за пробиотички пијалаци
Бизнисменот Оздемир истакна дека во последните години во светот, генерално е зголемено производството на органски пијалаци во кои се додаваат пробиотички бактерии со цел да се олесни варењето на храната.
„Има големо производство на пробиотички пијалаци. Затоа и ние произведовме ароматизиран ајран, со кој на еден начин сакавме на луѓето да им понудиме пијалак кој ќе им биде од корист. Многу сме задоволни од реакциите на посетителите што ги вкусија ароматизираните ајрани, многу им се допадна на странците“, додаде тој.
Брус Симонс, еден од посетителите на саемот кој вкуси од благиот ајран, за производот изјави: „Киселото млеко е многу вкусно, пробав со вкус на чоколадо и бабана, во течна форма е, вкусот не му е многу благ, многу ми се допадна вкусот. Има убав вкус кој импресионира“.
Власиа Кобродова изјави „Убаво, има малку киселкаст вкус, вкус на кисело млеко кој многу ми се допаѓа“.