АНКАРА
- Темим ХОЏАОГЛУ / Мухамед ЈУСУФ
Голем број лица кои беа дел од механизмот на режимот на Асад за сузбивање на граѓанската војна што започна во март 2011 година, ставени се на листата на воени злосторници.
Воените злосторства извршени од режимот на Асад опфаќаат широка област, особено поради употребата на хемиско оружје, произволно апсење, силување и тортура, бомбардирање на цивилни населби, вработување терористички организации и платеници, употреба на забрането оружје, преместување, блокада и бомбардирање на болници, а сето тоа е отсликано и во извештаите на Обединетите нации (ОН) и независни организации за човекови права.
Долги години се бараат одговорите на прашањата кој ги дал упатства за извршувањето на воените злосторства и каков синџирот на наредби - команди припадниците на режимот следеле при извршувањето на овие злосторства.
Новинарите на АА, ги анализираа информациите каква безбедносна бирократија спроведувал режимот на Асад од почетокот на граѓанска војна во Сирија, кои институции биле користени во извршувањето на воените злосторства, односите меѓу институциите, водечките имиња во тие институции вклучени во воени злосторства, кои се добиени од лицата кои во одреден период се наоѓале на критични позиции восоставот на режимот, информации добиени од воените и политичките извори, као и веродостојни документи објавени на оваа тема.
Режимот на Асад на мировните демонстрации на улиците со барањето за демократизација во март 2011 година гледаше како закана за режимот и се обиде да ги потисне со воени средства. За таа цел, беше решено да се формира тим на високи безбедносни службеници во главниот град Дамаск, по упатствата на Претседателот и Главниот командант на сириските вооружени сили Башар Ал Асад и Бирото за национална безбедност, а во согласност со членот 105. на Сирискиот устав.
Во Централна кризна канцеларија, со која претседаваше тогашниот началникот на Генералштабот Хасан Туркмани, членуваа Министерот за одбрана (Давуд Рача), заменик министерот за одбрана (Асиф Шевкет) Министерот за внатрешни работи (Мухамед aл-Шар), началникот на генералното разузнавање (Али Мемлук), раководителот на Бирото за национална безбедност (Хишам Бахтиар), шефот на одделот за политичка безбедност (Мухамед Диб Зејтун), началникот на воената разузнавачка служба (Абдулфетах Кудсије) и шефот на воздухопловната разузнавачка служба Џемил Хасан.
Конзорциумот кој е структуриран и е под контрола на овој основен персонал, управува со четири разузнавачки единици кои делуваат низ Сирија; при што покрај канцеларија за политичка безбедност, канцеларија за воено разузнавање, генерален директорат на разузнавачките служби и Управата за воздушно разузнавање, ангажирани се и Унијата за заштита на режимот, Одделот за криминална безбедност, полицијата, единиците на специјалните единици поврзани со Министерството за внатрешни работи, елементи на Партијата Баас и организации поврзани со Министерството за одбрана и милициите.
Комитетите за безбедност основани во ерата на Асад, имаат структури во секој регион и покраина, собирајќи ги претставниците на четири разузнавачки агенции во земјата да ја одржуваат извршната позиција на претставникот на Партијата Баас и работат под претседателство на офицер од висок ранг, и во исто време се меѓу институциите задолжени за задушување на демонстрациите започнати од кризната маса.
Комитетите за безбедност, кои имаа задачата да ги потиснат мировните активности на демонстрантите на провинцијална и регионална основа, формираа екипи со персонал составен од армијата, разузнавачките служби, полицијата, специјалните сили и трупите за заштита на режимот.
Овие екипи, кои беа собрани и раководени од воени, цивилни и раководители на Партијата Баас, ги гонеа оние што присуствуваа на демонстрациите, оние што ги организираа демонстрациите и оние што ги поддржуваа овие демонстрации, спроведувајќи политика за произволно апсење и егзекуција.
Откако насилството на режимот Асад насочено кон јавноста го зголеми бројот на оние кои учествуваа на протестите, режимот на Асад ги повика пензионираните воени офицери, претежно припадници на религиозното малцинство Алеви, како што е бригадниот генерал Велид Абаза и бригадниот генерал Небан Сибахи да формираат Народни комитети.
Голем број цивили кои се вмешани во злосторствата, именувани како Шебиха, биле вработени од страна на Народните комитети и другите безбедносни институции и тие се додадени како алка во синџирот на воени злосторства.
Почнувајќи од 2011 година, голем број лица, воглавно војници ги презедоа функциите во безбедносните механизми воспоставени од режимот Асад за да ги потиснат мировните демонстрации.
Овие безбедносни структури, кои се директно поврзани со Асад, набргу се претворија во механизми за правење криминал кои делуваат независно од граѓанското или военото судство.
На прашањето кој е вклучен во овие криминални механизми на режимот, во 2019 година беше објавена студијата „Црниот список“ од групата „За-правда“, благодарение на придонесот на многу правници и офицери кои го напуштиле режимот, меѓу кои и поранешниот сириски премиер Ријад Хиџаб.
И Националната коалиција на Сириската опозиција и Револуционерните сили (СМДК) исто така поднесоа список на воени злосторници до Меѓународниот кривичен суд (МКС).
АА ги анализаше овие списоци, споредувајќи ги имињата дадени во овие студии со помош на своите извори.
Некои од имињата кои работеа на високи позиции во безбедносни единици на режимот и кои се вмешани во воени злосторства се дадени на следнава листа:
Башар Ал Асад, водачот на режимот и главен командант на сириските вооружени сили
Генерал-полковник Фед Казим ал-Фрејк
Генерал-полковник Али Абдула Ејуб
Генерал-полковник Мухамед Махмуд Махла
Генерал-полковник Басам Хајдар
Генерал-полковник Аднан Џемил Исмаил
Генерал-полковник Хасан Мухамед Мухамед
Генерал-полковник Бесам Мирхаџ ал-Хасан
Генерал-мајор Махир Есед
Генерал-мајор Џемал Мухамед Јунус
Генерал-мајор Рефик Махмуд Шихаде
Генерал-мајор Веџих Јахја Махмуд
Генерал-мајор Едип Немр Селаме
Генерал-мајор Али Мемлук
Генерал-мајор Хасан Мирхаџ Мирхаџ
Генерал-мајор Зухир ал Асад
Генерал-мајор Мухамед Рахмун
Генерал-мајор Мухамед ал-Шар
Генерал-мајор Васил Калид ал-Самир ал-Авајд
Генерал-мајор Салим Харба
Генерал-мајор Џемил ал-Хасан
Генерал-мајор Мухамед Диб Зејтун
Генерал-мајор Хусам Лука
Генерал-мајор Насир ал Али
Генерал-мајор Абдулфетах Сулејман Кудсије
Генерал-мајор Насир Диб
Генерал-мајор Талал Шефик Махлуф
Генерал-мајор Заид Салих
Генерал-мајор Гасан Исмаил
Генерал-мајор Рамадан Мухамед ал-Рамадан
Генерал-мајор Мувафак Мухамед Асад
Генерал-мајор Авс Али Аслан
Генерал-мајор Шевки Јусуф
Генерал-мајор Џевдет Салиби Мавас
Генерал-мајор Мухамед Ибрахим Каддур
Генерал-мајор Кифах Милхим
Генерал-мајор Назих Хасун
Генерал-мајор Тевфик Јунус
Генерал-мајор Али Ванус
Генерал-мајор Ријад Хабиб Абас
Генерал-мајор Ахмед Мухамед Балул
Генерал-мајор Гасан Халил
Генерал-мајор Џума Мухамед ал-Казим
Генерал-мајор Малик Хасан
Генерал-мајор Фуад Ахмед Хамуда
Генерал-мајор Хикмет Муса Салман
Генерал-мајор Екрем Мухамед
Генерал-мајор Али Мухамед Ганим
Генерал-мајор Мухамед Али Субух
Генерал-мајор Бади Сулејман Муала
Генерал-мајор Саџи Дервиш
Генерал-мајор Хасан Али
Генерал-мајор Имад Нафури
Бригадниот генерал Џевдет ал-Ахмед
Бригадниот генерал Хафиз Мухамед Махлуф
Бригадниот генерал Абдулселам Феџир Махмуд
Бригадниот генерал Сухил ал-Хасан
Бригадниот генерал Салих ал Абдула
Бригадниот генерал Фајиз Беддур
Бригадниот генерал Џевдет Ибрахим Сафи
Бригадниот генерал Кусеј Ибрахим Михуб
Бригадниот Саил Есад Давуд
Бригадниот генерал Луел ал Али
Бригадниот генерал Мазин ал Канџ
Бригадниот генерал Малик Алја
Бригадниот генерал Мухамемд Замрини
Бригадниот генерал Вефик Наср
Бригадниот генерал Муфид Варда
Бригадниот генерал Јасин Ахмед Дахи
Бригадниот генерал Гасан Билал
Бригадниот генерал Гасан Хадад
Бригадниот генерал Мухамед Халуф
Бригадниот генерал Шефик Маса
Бригадниот генерал Невфел ал-Хусеин
Бригадниот генерал Ексам Махмуд
Бригадниот генерал Ибрахим ал-Ваири
Бригадниот генерал Ијад Искендер Манду
Бригадниот генерал Сулејман ал-Тинави
Бригадниот генерал Аднан ал Ахмад
Бригадниот генерал Мухамед Јусуф ал-Хасури
Бригадниот Малик Али Хабиб
Полковник Салих Сакр
Полковник Сакр Рустум
Полковник Низар Фанди
Полковник Гајас Дала
Потполковник Дурид Исмаил Авад
Потполковник Фирас Гасан Јаза
Инженер Мухамед Ахмед ал-Саид
Фади ал-Малах
Али ал-Шали
Мусиб Нимр Селамех
Бригадниот генерал Абдулатиф ал-Фехд. Раководител на военото разузнавање Хама
Бригадниот генерал Бурхан Кадур (мртов). Раководител на Одделот за воена безбедност Дума
Бригадниот генерал Абдулхамид Идрис, воено разузнавање Хама
Бригадниот генерал Хафиз Чебур, командант на 34-та бригада
Бригадниот генерал Али Ел-Хусеин 47. Командант на бригадата
Генерал-мајор Мухамед Семмур
Генерал-мајор Зухер ал-Хамед
Генерал-мајор Кума ал-Ахмед
Генерал-мајор Али Јунус
Генерал-мајор Беракат Берекат
Генерал-мајор Муршид Дахир
Генерал-мајор Фејсал Мунир
Генерал-мајор Селим Берекат
Генерал-мајор Ахмед ал-Укде
Генерал-мајор Али Есад
Генерал-мајор Салах ал Али
Генерал-мајор Ахмед Џемил Ибрахим
Генерал-мајор Али Дургам
Генерал-мајор Мухамед Хајр Бек
Бригадниот генерал Атиф Неџиб
Бригадниот генерал Хаил ал Асад
Бригадниот генерал Абдулселам
Бригадниот генерал Шеик Кабир Хирфан
Бригадниот генерал Саир ал Омар
Бригадниот генерал Сухил Рамазан
Бригадниот генерал Салах Халум
Бригадниот генерал Хејсем Берекат
Бригадниот генерал Ијад Махмуд
Бригадниот генерал Ала Сауд
Бригадниот генерал Небих Раби
Бригадниот генерал Шефик Фејаз Диб
Бригадниот генерал Манир Џелуд
Бригадниот генерал Мухамед Халуф
Бригадниот генерал Хизир ал-Хусеин
Бригадниот генерал Таха Таха
Бригадниот генерал Зулхиме Шалиш
Бригадниот генерал Аднан Аси
Бригадниот генерал Аднан Ахмед
Бригадниот Сухил Давуд
Бригадниот генерал Беди ал Али
Бригадниот генерален Хаким Мухамед Кенџу Хасан
Бригадниот генерал Муса Хасан
Бригадниот генерал Ријад Абас
Бригадниот генерал Мухамед Реџеб
Бригадниот генерал Хабиб Сафија
Бригадниот генерал Едиб Семандер
Бригадниот генерал Али Хусеин
Бригадниот генерал Али Надир
Бригадниот генерал Џемал Абас
Полковник Семир Низам
Полковник Едиб Кану
Полковник Гасан Насур
Полковник Халил Мола
Полковник Малик ал-Хади
Полковник Темам Диб
Полковник Али Селим
Полковник Темим Иса ал-Ахмед
Полковник Мухамед ал Абдула
Полковник Меџид ал Абдула
Потполковник Кинан Мухамед Галије
Потполковник Ахмед Абдулхамид
Потполковник Ала Дуруби
Потполковник Халид ал-Хатиб
Потполковник Самир ал-Бериди
Потполковник Емџед Абас
Капетан Самир Абас Диб
Потполковник Аднан Ријад ал-Шами
news_share_descriptionsubscription_contact
