Ekip
21 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Во Сирија зајакнува соработката меѓу режимот на Башар Асад и терористичката организација ПЈД/ПКК. Режимот првенствено го поддржува формирањето на „терористичка академија“ во регионите Шејх Максуд и Хулук во Алепо, по оној во Африн, за потоа ранетите милитанти со свои авиони да ги превезува до државната болница во Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Турски безбедносни извори за АА изјавија дека ранетите терористи во подрачјето на Кобане и Африн и оние ранети во областа на Хасеке, подрачја под контрола на терористичката организација, со авиони на режимот се префрлуваат во државната болница во Дамаск.
Според истите извори, во текот на минатата недела, двајца од лидерите на ПКК на планината Кандил дошле во Сирија, од каде што со авиони на режимот доцна навечер биле превезени до болницата во Дамаск.
Во меѓувреме, продолженото крило на ПКК во Сирија, ПЈД, отвори центар за едукација на териристите најпрво во регионот Шејх Максуд, во источниот дел од центарот на Алепо кој е под нивна контрола, а подоцна и во регионот на Хулук.
Регионот Хулук, кој инаку е туркменски, по евакуацијата на цивилите и на опозиционерите на крајот од минатата година, делумно премина под контрола на ПЈД/ПКК. Во моментов, во Хулук има елементи на режимот и на ПЈД/ПКК.
Во центарот за едукација во Африн, кој започна со активности минатиот месец, стотици терористи земаат часови по странски јазици, ракување со тешко оружје, како и часови по војнички и бомбашки техники.
Во камповите во регионот на Шејх Максуд и Хулук, стотици терористи се едуцираат преку систем сличен на оној во Африн.
ПЈД/ПКК и режимот од почетокот на граѓанската војна ретко влегуваа во судири, и тоа само во судири од мал обем. Силната соработка меѓу нив го привлече вниманието во Хасеке. Организацијата го презеде Хасеке на почетокот од 2012 година, и продолжува да му плаќа данок на режимот.
Режимот раководи со јавните институции, додека пак безбедноста ја спроведуваат заедно со организацијата. Тие заедно го штитат нафтеното поле Румејлан, кое е под контрола на ПЈД/ПКК, а се наоѓа во североисточниот дел на Хасеке. Дел од нафтата што се вади оди за режимот.
Соработката меѓу режимот и организацијата во декември 2015 година се префрли во Алепо. Договорот потпишан во Хасеке за заедничка воена едукација и стратегија ја одреди новата соработка. Овој договор опфаќа давање муниција и едукација на милитантите на организацијата во Шејх Максуд и во Африн од страна на режимот.
За возврат, ПЈД/ПКК ги става своите сили на располагање на режимот во операциите во Алепо.
Лицата што ги едуцира режимот најчесто се на возраст од 18 до 40 години и се насилно регрутирани од подрачјата на Африн и Шејх Максуд, кои се под контрола на ПЈД/ПКК.