Büşra Selvi Öğütcen
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
БОГОТА (АА) - Граѓаните на Венецуела поднеле најмногу барања за азил во Соединетите Американски Држави (САД), покажуваат податоците на Американската канцеларија за миграции и државјанство, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните на Венецуела, земјa погоденa од економска криза, се наоѓаат на врвот на листата по бројот на барања за азил во САД.
Според информациите од Канцеларијатa, минатата година 18.155 луѓе од Венецуела поднеле барања за азил.
Венецуела од декември 2015 година е под влијание на економска криза, а барања за азил најмногу поднесуваат граѓаните од средната класа.
Поради кризата, тие се борат со недостаток на електрична енергија, лекови и основни потреби.