Derya Gülnaz Özcan
23 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
Во грчкиот главен град Атина е фрлен експлозив пред една зграда во која се наоѓа и месџид, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, во утринските часови пред една зграда во Атина бил фрлен рачно изработен експлозив што вклучувал шрафови и шајки.
Се истакнува дека во оваа зграда се наоѓа и месџид.
Нема жртви или повредени во експлозијата, а настаната е штета на влезот од зградата и на некои паркирани возила.