Fatih Hafız Mehmet
03 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
АНКАРА (AA) – Турција во четврток ја предупреди Грција поради наводна незаконска воена вежба со Египет на островот Родос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција наведуваат дека дознале дека Грција и Египет спроведуваат заедничка воена вежба од 30. октомври до 4. ноември на грчкиот остров Родос.
Се додава дека Парискиот договор од 1947. година забранува било каков вид воена активност и едукација на островот Родос, над кој по Втората светска војна Грција презема контрола од Италија, под услов да биде демилитаризиран.
„Поради тоа воената вежба која е во тек на Родос е кршење на меѓународното право", се вели во соопштението на турското министерство.
Се истакнува дека е предупредена и грчката амбасада во Анкара, како и дека ги потсетиле на важноста на избегнување на еднострани акции кои можат да доведат до зголемување на тензии во Егејско море.
„Поради тоа го нагласуваме нашето очекување од Грција да ги избегнеме непријателските активности и дела против меѓународно право и ги повикуваме третите страни да ни бидат партнери во случаи на вакви грчки кршења", нагласуваат од Министерството за надворешни работи на Турција.
Родос е остров во југоисточниот дел на Егејско море, во близина на турскиот брег.