Ekipa
06 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
АТИНА (АА) - Бомбата од Втората светска војна, која беше пронајдена од страна на работници во близина на Грчката воздухопловна база крај Атина, денес е деактивирана, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимот за деактивирање изведе контролирана експлозија на бомбата, пронајдена за време на рутински ископувања во Глифада, предградие во близина на јужна Атина.
Градоначалникот на Глифада, Јоргос Папаниколау, за грчкото радио изјави дека бомбата е голема околу 95 сантиметри.
„Бомбата е фрлена од германски авион за време на бомбардирањето на подрачјето во 1941 година“, додаде тој.
Папаниколау истакна дека општинските работници наишле на бомбата при ископувања за изградба на систем за заштита од поплави.
На жителите им е соопштено да бидат подалеку од местото на контролираната експлозија, но општа евакуација не беше неопходна.
Нема инфопрмации за повредени или за причинета материјална штета за време на контролираната експлозија.
Во февруари оваа година, грчките власти беа принудени да евакуираат 70.000 жители од градот Солун кога беше откриена уште една голема бомба од Втората светска војна.