George Albert Bernard
20 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
АТИНА - На грчкиот остров Лесбос, избувнаа судири во пренатрупаниот миграциски камп Мориа при што беа повредени најмалку седум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните медиуми, судирите избија меѓу бегалците со авганистанско, ирачко и арапско потекло.
Повредените биле префрлени во болница, а медиумите известуваат дека на местото на настанот се упатиле бројни амбулантни и противпожарни возила.
Полицијата која го обезбедува кампот, наводно користела солзавец за да ја растера толпата, а бројни грчки медиуми инцидентот го опишаа како ситуација во воена зона.
Судирите меѓу бегалците и мигрантите во кампот Мориа не се ретки, но последниот беше многу поинтензивен.
Ситуацијата во споменатиот камп се влошува од ден на ден, а во многу тешки услови престојуваат околу 5.500 луѓе.