Betül Yılmaz
17 Септември 2025•Ажурирај: 17 Септември 2025
ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија уби уште 12 лица рано утринава во Појасот Газа, информираа медицински лица, јавува Анадолу.
Медицински извори изјавија за Анадолу дека во израелските воздушни напади биле нападнати домовите и шаторите во кои се сместени раселените Палестинци во градот Газа и во централните и јужните области на Појасот Газа.
Ова се најнови жртви откако израелската армија објави нова фаза од својата копнена офанзива во Газа вчера, како дел од пошироката стратегија за повторно окупирање на целиот град.