Ekipa
03 Септември 2018•Ажурирај: 03 Септември 2018
ЈАНГОН (АА) - Судот во Мјанмар ги осуди за виновни двајцата новинари на „Ројтерс“ (Reuters) и им додели затворска казна во траење од 7 години поради нивната истрага за убиството на муслиманите Рохинџа извршено од страна на припадниците на мјанмарските сили на безбедност во Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
Ва Лон (32) и Кјав Сое О (28) осудени се поради кршење на Законот за службени тајни бидејќи го истражувале убиството на десетина припадници на загрозеното муслиманско малцинство во Аракан.
Судијата во Јангон изјави дека двајцата новинари се осудени бидејќи се виновни за собирање државни тајни документи и можен трансфер на тие документи до групите што се борат против Владата на Мјанмар.
Новинарот Ва Лон изјави дека пресудата е неправедна, бидејќи како новинари ја работеле својата работа и истражувале незаконски убиства на цивили.
„Не сторивме ништо погрешно и не се плашиме. Сѐ уште веруваме во демократија и слобода на говорот. Ќе се бориме за правдата“, рече Ва Лон.
Адвокатот на одбраната, исто така изјави дека пресудата е неправедна и најави започнување на жалбена постапка.