Muhammed Macid,Said İbicioğlu
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
ГАЗА (AA) - Во текот на масовните демонстрации под називот „Голем марш за враќање“, на границата на Појасот Газа и Израел загина еден аранети се повеќе од 700 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај израелските закани, Палестинците продолжуваат со мирни демонстрации со кои сакаат да укажат на проблемите со кои се соочуваат. Палестинците петочната молитва (џума намаз) ја извршија во близина на границата после што почнаа масовни демонстрации.
Портпаролот на Министерството за здравство на Палестина, Ешреф ал Кудра, потврди дека на источната границана Газа е убиен 28 годишниот Ислам Харазалах. Во него пукаа израелските војници.
Бројот на загинатите Палестинци за време на протестите кои се одржуваат секој петок од 30. март, се зголеми на 35.
Од Министерството за здравство во Газа е потврдено дека за време на дешените демонстрации е ранет 701 Палестинец. Повеќе од 160 се затрелани.
Илјадници Палестинци на границата со Газа веќе три недели по ред мирно протестираат и го одбележуваат Денот на земјата за да се присетат на 30 март 1976 година кога Израел од нив одзел илјадници хектари земјиште.
Денот на земјата се одбележува во Палестина од 1976 година, и тоа, на некој начин е симбол на отпорот на Палестинците за да ја добијат назад својата земја, а воедно и да укажат на одговорноста на меѓународната заедница за заштита на правата на палестинскиот народ, основање на независна држава Палестина и враќање на палестинските бегалци.
Палестинците во петок на границата со Газа почнаа мирен Марш на големо враќање кој со различни манифестации ќе трае шест седмици.