Mehmet Nuri Uçar
18 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
САНА (АА) – Во судирите меѓу Хусите во Јемен и поддржувачите на соборениот претседател Али Абдулах Сали од една страна, и владините сили од друга страна, од март 2015 година досега животот го загубиле 1.163 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од канцеларијата на УНИЦЕФ во главниот град на Јемен, Сана, утврдено е дека во судирите во државата, досега животот го загубиле 1.163 деца, а повредени се 1.730.
Во него се укажува на тоа дека двете страни во судирот, најпрво Хусите, ги користат децата во борбите, а оваа појава е зголемена за седумпати повеќе од 2016 наваму, и досега 1.200 деца се принудени да војуваат.
Како резултат на зачестените судири од минатата година, 780 училишта се уништени делумно, или целосно, поради што околу 350 илјади деца не можат да се школуваат, се забележува во соопштението.
Според УНИЦЕФ, 10 милиони деца во Јемен имаат потреба од итна хуманитарна помош.
Според податоците на ОН пак, од март 2015 година досега, во судирите животот го загубиле над 10 илјади луѓе.