Alaattin Doğru
25 Декември 2018•Ажурирај: 26 Декември 2018
ДАКАР (АА) - Во Демократска Република Конго се случи сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион во која животот го загубија 50 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, на 200 километри западно од главниот град Киншаса, во подрачјето Матаби дошло до директен судир меѓу камион и автобус кој доаѓал од спротивниот правец.
Во несреќата животот го загубиле 50 лица, а има и голем број повредени. Повредените се префрлени во болниците во главниот град Киншаса.
Во октомври годинава, во близина на местотот Кисанту се случи сообраќајка во која животот го загубија 53 лица.