Mustafa Melih Ahıshalı
22 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Најмалку 19 лица загинаа, а 35 се повредени во сообраќајна несреќа на јужниот дел од Иран откатко патнички автобус од патот излетал во река, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранската телевизија ИРИИН јави дека патнички автобус, кој се движел од иранскиот град Керман кон покраината Фарс, слетал во река недалку од градот Нејруз.
Во несреќата загинаа најмалку 19 лица, а 35 се повредени.
Повредените се хоспитализирани, а се претпоставува дека автобусот излетал од патот откако возачот изгубил контрола над возилото.