Ekip
17 Февруари 2024•Ажурирај: 21 Февруари 2024
ГАЗА (АА) - Драматичнa видео-снимка прикажува како Палестинец заробен под урнатините, бил спасен по силните напори на случајните минувачи низ урнатините по израелските напади на Појасот Газа, јавува Анадолу.
https://twitter.com/aa_macedonian/status/1758819511904379032
По прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, израелската офанзива во Газа убила повеќе од 28.800 Палестинци, како и предизвикува огромно уништување.
Според ОН, израелската војна предизвика внатрешно раселување на 85 отсто од населението поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови. Исто така, 60 отсто од инфраструктурата на палестинската енклава е оштетена или уништена.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање на обезбедување хуманитарна помош за цивилите во Газа.