Gorana Jakovljevic
27 Август 2022•Ажурирај: 29 Август 2022
ДОЊЕЦК (АА) - Поради борбите во украинскиот регион Доњецк, цивилното население се евакуира со воз од Покровск, известува Агенција Анадолија (АА).
Поради борбите во Доњецк наредена е задолжителна евакуација, а населението, семејствата со деца, старите и изнемоштените лица го собраа само најосновното и тргнаа да се евакуираат со воз, што ќе ги префрли во западниот дел на земјата.

Русија на 24 февруари 2022 изведе инвазија врз Украина. Во војната што трае досега животот го загубија најмалку 5.587, a ранети се 7.890 цивили, покажуваат податоците на ОН, со назнака дека вистинските бројки би можеле да бидат многу поголеми.