Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Gülşen Topçu
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
КАИРО (АА) - Во акции на египетската војска против оружени групи на Синајскиот Полуостров и во напади од страна на непознати сторители загинаа 15 лица, од кои еден војник, а девет војници се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на египетските вооружени сили, генерал мајор Мухамед Семир преку социјалните мрежи соопшти дека во акцијата што беше поддржана и од страна на полициските единици во Северен Синај е уништено засолниште на текфирски групи и дека во судирите убиени се 14 лица.
Акцијата е организирана во рамките на упадот во засолништата терористите кои се наоѓаат во селата на подрачјето на Рaфа и Ес-Шеик Зувејда.
Во бомбашки напад на оклопно возило и врз возило што вршело проверка на воениот контролен пункт во Шеик Зувејд загина еден војник, а девет се повредени.
Никој не ја презеде одговорноста за нападите.