Daniel Gallego
10 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
КАИРО (АА) - Најмалку 18 лица загинаа во сообраќајна несреќа која што се случи на Синајскиот Полуостров, во североисточниот дел на Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Египет соопшти дека дошло до судир на минибус и возило кое ја превезувало војската и полицијата.
Меѓу смртно настраданите има 12 војници, четворица ученици и две лица чиј идентитет сè уште не е утврден.
Според податоците на Агенцијата за статистика од 2011 година, Египет е земја во која се случуваат најголем број сообраќајни несреќи со смртни последици.