Ekip
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
КАИРО (AA) - Функционерите на аеродромот во Каиро велат дека седум можни мигранти за Соединетите Американски Држави (САД), шест државјани на Ирак и еден од Јемен, се спречени да влезат на лет на авиокомпанијата „ЕгипетЕир" кон аеродромот ЈФК во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Службениците рекоа дека активностите кои се преземени во сабота се во согласност со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп кој воведе тримесечна забрана за влегување на белгаците од седум муслимански земји: Сирија, Ирак, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен.
Се додава дека седум мигранти, кои биле во придружба на службениците на УНХЦР, се запрени на влегувањето во авион откако властите на аеродромот во Каиро ги контактирале своите колеги на аеродромот ЈФК.
Функционерите на каирскиот аеродром говореа под услов да останат анонимни.