Adem Şalvarcıoğlu
07 Септември 2018•Ажурирај: 08 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Јужноамериканската држава Еквадор ја потресе земјотрес со интензитет од 6,2 степени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (УСГС) информираше дека епицентарот на земјотресот се наоѓа 63 километри северно од градот Куенка, на длабочина од 93 километри.
Земјотресот се случил во 21:12 часот по локално време и не предизвикал човечки и материјални загуби.