Ruslan Rehimov
02 Октомври 2020•Ажурирај: 03 Октомври 2020
БАКУ
Азербејџанската војска преку операцијата која ја започна за ослободување на своите територии од окупација, заплени голем број оружја, муниција и возила на ерменската војска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ерменските војници кои не можеа да покажат отпор против движењето на азербејџанската војска, на некои позиции ги напуштија своите оружја и возила и избегаа од тие места.
Екипата на АА која работи во овој регион, ги сними возилата, муницијата и оружјата кои се запленети.
Меѓу запленетите возила се наоѓаат и камиони од руско производство од типот „Урал“.
Исто така, поголемиот дел од автоматските пушки, рачни бомби, ракетни фрлачи и куршуми од различен калибар се од руско производство.
Поголемиот дел од камионите од типот „Урал“ се во употреблива состојба, но на нив може да се забележат траги од судирите.
На снимките може да се забележат и некои документи на ерменската војска.