Ruslan Rehimov
19 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
БАКУ (АА) - РУСЛАН РЕХИМОВ -
Напнатоста и понатаму трае на ерменско-азербејџанската граница. Екипата на Агенција Анадолија (АА) сними една од азербејџанските позиции која ја нападнаа Ерменците меѓу 12 и 16 јули.
Азербејџанските војници, кои се на должност спроти ерменските позиции, се подготвени да одговорат на можни напади. Азербејџанските војници се опремени со модерно оружје и средства за набудување.
Ерменските сили во неделата започнаа со напади врз азербејџанскиот пограничен регион Товуз, низ кој минуваат и неколку важни енергетски и инфраструктурни проекти што заеднички ги реализираат Турција и Азербејџан.

Ерменија на почетокот од 1990-те години го окупираше азербејџанскиот регион Нагорно Карабах и уште седум други соседни азербејџански региони, а досега во многу наврати е кршено примирјето договорено од двете земји во 1994 година.
За разлика од досегашните судири кои избиваа на линијата на разграничување на окупираните азербејџански региони, овој пат ерменските сили судирите ги започнаа на границата меѓу двете земји.
Ерменската војска на 12 јули изврши артилериски напади врз пограничниот азербејџанскиот регион Товуз. Азербејџанските сили одговорија на нападот, но ерменските сили продолжија со слични напади и во наредните денови.
Азербејџанската војска го спречи обидот на ерменската војска за окупација на стратешки важни позиции на азербејџанската војска.
Капетанот Пенах Машиев, еден од офицерите кои ги чуваат позициите, рече дека го зајакнале надзорот и контролата и дека нема да дозволат непријателот да направи чекор кон Азербејџан.
Како што рече, горди се на пораките за поддршка што им пристигнаа од Турција.
Поручникот Улву Велизаде истакна дека ја спречиле провокацијата на ерменската војска и го дале потребниот одговор.
Вишиот наредник Ахмет Агајев изјави дека азербејџанската војска е силна и дека постои силна врска помеѓу народот и војската.
Во последните два дена околу 24.000 Азербејџанци доброволно се пријавија за во војска.