Ali Cura
19 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 12.342, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 771.546, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата дијагностицирани се уште 6.109 случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во Русија се зголеми на 771.546.
Исто така, во последните 24 часа од вирусот починаа уште 95 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 12.342.
Во земјата излекувани се уште 3.481 лица, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 550.344.
Досега во Русија направени се 24.900.000 тестирања за Ковид-19, од кои 314.000 во последните 24 часа.
Првиот случај на коронавирусот во Русија е регистриран на 31 јануари, додека првиот смртен случај на 19 март.