Nuri Aydın
31 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
ДАКА
Во Дака, главниот град на Бангладеш, дојде до експлозија на боца. Во експлозијата животот го загубија 5 деца, а 17 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата се случи во подрачјето Рупнагар во Дака, додека еден уличен продавач на децата им дуел балони.
Полицијата информираше дека експлозијата на боца се случила во близина на едно училиште. Во експлозијата животот го загубиле 5 деца, а 17 лица се повредени.
Во тек е истрага за откривање на причината поради која дошло до експлозијата. Постои загриженост од можноста за зголемување на бројот на починати.