Eşref Musa,Mohamad Misto,Adham Kako
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
АНКАРА
Режимот на Башар ал Асад и Русија бараат обединување меѓу режимот и ЈПГ/ПКК, која претрпе удар со операцијата „Извор на мирот“, но организацијата го отфрли предлогот со образложение дека не е загарантирано дека ќе биде заштитена нејзината структура, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција на режимот на Асад, САНА, соопшти дека Министерството за одбрана ја повикало терористичката организација, која го користи името СДГ, да ги „обединат редовите“ и да ѝ се придружи на Армијата на режимот.
Терористичката организација на својата веб-страница одговарајќи на повикот истакна дека активностите за обединувањето може да започнат со признавање на посебната структура на организацијата и со политички консензус, и дека јазикот што го користи режимот е вознемирувачки.
За кратко време по негативниот одговор, режимот повлекувајќи ги своите сили од Тел Темир, кој се наоѓа југоисточно од Рас ал Ајн и во близина на областа од операцијата „Извор на мирот“, ги остави терористите на ЈПГ/ПКК сами.
Во меѓувреме се дознава дека Русија упорно испраќала пораки до ЈПГ/ПКК да се спои со режимот, но сè уште не го добила посакуваниот одговор.