Ekipa
15 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Елитните хотели „Хајат“, „Шератон“, „Мериот“ и „Вестин“ во Вашингтон потврдија дека со месеци биле цел на хакери, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од хотелскиот оператор на ХЕИ Хотели & Одморалишта (HEI Hotels & Resorts), откриени се софтверски „грешки“ меѓу информациите за имињата на гостите на хотелот, банкарски броеви на кредитни картички и кодови за верификација.
Се претпоставува дека податоците на клиентите во хотелот биле собрани уште од декември 2015 година.
„Ова прашање во моментов се смета за приоритет и ние ги преземаме сите мерки со цел да откриеме за што се работи", велат од ХЕИ Хотели & Одморалишта.
Сите што престојуваа во овие хотели од декември до јуни оваа година, треба да ја проверат состојбата на своите банкарски сметки и доколку има некаква неправилност, да се обратат кај издавачите на кредитни и дебитни картички.