Zehra Ulucak
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Кибер безбедносната компанија „McAfee“ предупреди дека хакерите се обиделе да украдат битни информации од институциите на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг кои треба да започнат идниот месец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави телевизискиот канал BBC (Би-би-си), безбедносната компанија „McAfee“ (МекАфи) информирала дека на институциите кои се дел од Зимските Олимписки игри им се испратени е-мејл пораки кои содржат малициозен софтвер.
Поголемиот дел од овие институции треба да ја обезбедат инфраструктурата на функционирање на олимписките игри или да бидат дел од поддршката во обезбедувањето на игрите. „Изгледа дека напаѓачите формирале кампања создавајќи широка мрежа”.
„McAfee“ истакнува дека е-мејл пораките се испратени од една ИП-адреса во Сингапур, а во пораките се бара да се отвори еден документ на корејски јазик. „McAfee“ информира дека компјутерските хакери се обидуваат преку е-мејл пораките да ги излажат корисниците на мејловите дека пораката е испратена од Националниот центар за борба против тероризмот на Јужна Кореја.
Засега не се идентификувани напаѓачите, но се истакнува дека со приближувањето на почетокот на Олимписките игри, се очекува зголемување на бројот на напади.