Zafer Fatih Beyaz
09 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го осуди расистичкото навредување на помошниот тренер на Башакшехир, Пиере Вебо, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на социјалната мрежа го коментираше тоа што во натпреварот на шестото коло на групата „Х” на УЕФА Лигата на шампиони меѓу Париз Сен Жермен (ПСЖ) и Башакшехир, четвртиот судија го навреди помошниот тренер Пиере Вебо.
Во содржината објавена на профилот на Ердоган е назначена и етикатата „Не за расизмот“.
„Остро ги осудувам зборовите мотивирани со расизмот кои се упатени на член на техничкиот тим на нашиот претставник Башакшехир, Пиере Вебо и верувам дека УЕФА ќе преземе потребни чекори. Безусловно се спротивставуваме на расизмот и дискриминацијата во спортот и сите сфери на животот“, напиша Ердоган.
Натпреварот од шестото коло од групата ”Х” на УЕФА Лигата на шампиони, ПСЖ-Башакшехир е прекината во 21 минута при резултатот 0:0 откако играчите на тимот од Истанбул го напуштија теренот заради расизмот.