Gülşen Topçu
09 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот пратеник Гидеон Сар објави дека ја напуштил партијата Ликуд предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху и дека решил да формира нова партија, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Сар беше ривал на Нетанјаху за претседател на Ликуд во 2019 година, но тогаш ја загуби трката за прв човек на партијата.
Во соопштението наведува дека партијата Ликуд во последните години го сменила правецот и како што рече, станала алатка која им служи на личните интереси на Нетанјаху.
Истакна дека поради тоа решил да го напушти Ликуд и со нова политичка партија да учествува на предвремените избори.
Израелскиот Парламент минатата недела гласаше за сопствено распуштање во пресрет на предвремените избори, што претставува нов удар за премиерот Нетанјаху.
Ликуд - Национално либерално движење - е најголемата политичка партија на десниот центар во Израел.