Ali Kemal Akan
17 Март 2022•Ажурирај: 18 Март 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција и лидер на владејачката Партија за правда и развој (AK Parti), Реџеп Таип Ердоган, изјави дека им ветиле на граѓаните дека Турција ќе ја направат една од 10-те најголеми економии на светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во обраќањето на седницата на претставниците на АК Партијата, Ердоган рече дека оваа партија во август ќе ја одбележи 21-годишнината од постоењето, а во ноември 20 години власт.
„Во тој период се занимававме со многу прашања, многу кризи и многу случувања во светот, во нашиот регион и во нашата земја. Додека чекориме во правец кој ни го покажува нашата мисија, се движиме кон сѐ поголеми цели во светло на 21-годишното искуство на нашата партија“, рече тој.
Тој потсети дека се обврзале дека Турција ќе ја направат една од 10-те најголеми економии во светот и дека ќе ги достигне вековните стремежи и цели на нацијата.
„Работевме на изградба на инфраструктурата за реализација на цели, со секоја наша активност, секој проект, секоја политичка, економска и социјална реформа, што сигурно оставило трага во Турција во последните 20 години. Сега сме во ситуација кога сето свое време и можности ќе ги посветиме на зајакнување на државата, развој на земјата и благосостојба на нејзините граѓани“, рече Ердоган.
Истакна, исто така, дека во изминатиот период завршиле бројни проекти и дека продолжуваат со развој на инфраструктурни проекти во земјата.
„Ја завршуваме изградбата и на Аеродромот „Артвин-Ризе“. Ќе биде отворен следниот месец“, рече Ердоган.
Додаде дека Турција во изминатите години постигнала голем успех и во областа на одбранбената индустрија.
„Изградивме силна инфраструктура за одбранбена индустрија“, додаде претседателот на Турција.