Ali Murat Alhas
29 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
БАЛИКЕСИР (АА) - Турските безбедносни сили приведоа 21 припадник на терористичката организација ФЕТО во истовремени операции спроведени во неколку области, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во северозападната област Баликесир се издадени налози за приведување на 22 осомничени лица, кои се товарат за обид за кршење на Уставот и соборување на уставниот поредок.
Жандармериските сили извршија рации во домовите на осомничените во Анталија, Бурса, Чанаккале, Елазиг, Хатај, Измир, Карс, Кутахја, Мерсин и Шанлиурфа и ги приведоа лицата поврзани со ФЕТО.
За време на операциите запленета е голема количина дигитален материјал.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.